Избор на уредникотСветТоп

Старицата која беше тепана од медецинска сестра го напушти домот за стари лица (ВИДЕО)

Жената која беше малтретирана од медицинска сестра во дом за стари лица во Пеќ денеска замина од оваа установа, каде престојуваше речиси една година.

Жената ја зедоа членовите на семејството, кои немале информации дека таа била малтретирана, се до денеска, откако беше објавено видеото во јавноста.

Во меѓувреме, со реакција на социјалните мрежи излезе Антон Расај, акционер во домот за стари лица кој е дел од компанијата Оренда во Пеќ. Тој се извинува за случајот кој ја шокираше јавноста и вели дека ги суспендирал вработените.Бара за нив казна:

„Се извинуваме за снимките кои не погодија сите. Јас Антон Расај, денес како најголем акционер во компанијата Оренда во Пеќ случајно бев овде со моето семејство. Итно ги презедов сите дејствија. Јас сум инвеститор, заработените заштеди во странство одлучив да ги вложам со семејството во мојата татковина.

Вработивме луѓе и се погриживме да отвориме работни места за нашите сонародници и да обезбедиме максимално професионално однесување од персоналот во нашиот центар, но ситуацијата, односно инцидентот не остави без зборови. Немам зборови да опишам како се чувствував, кога го видов однесувањето на медицинските сестри, објави преку социјалните мрежи Антон Расај,

Газета Експрес објави дека четири медицински сестри биле суспендирани поради овој случај.

Се прецизира дека лицата се уапсени околу 14 часот и 10 минути и дека во соработка со обвинителот ќе бидат преземени понатамошни мерки.

Поврзани вести

Back to top button