Живот

Срцата од свињи би можеле да спасат човечки животи

Еден ден пациентите со срцеви заболувања би можеле да уживаат во продолжувањето на животот со срциња од свиња коишто чукаат во нивните гради, соопштиле во вторникот истражувачите кои ја информираа јавноста за големиот чекор во трансплантацијата на органи од вид на вид.

Земајќи го предвид недостатокот на донори на органи, користењето на срца, бели дробови и црни дробови од животни кои би можеле да спасат човечки животи, долго се смета за „Свет грал“ во медицинските науки.

Научниците од САД и Германија објавиле дека успеале да трансплантираат свински срца во бабуни, примати најблиски на човекот, рекордни 2,5 години. Нивниот метод користи комбинација на модифијација на гени и лекови за имунитет.

– Тоа е многу значајно, бидејќи нè доведува чекор поблиску до користењето на тие органи кај луѓето – изјавил ко-авторот на студијата Мухамад Мохиудин од Националниот институт за срце, бели дробови и крв во Мериленд.

„Ксенотрансплантите, органи трансплантирани од вид на вид, можат потенцијално да спасат илјадници животи секоја година кои би можела да бидат загубени поради недостатокот на човечки органи за трансплантација“, додал тој за АФП.

Во експериментите со бабуни, срцата функционирале до 945 дена, уривајќи ги поранешните рекорди што ги поставила истата група истражувачи. Донираните срца не ги замениле мајмунските, но биле поврзани за крвотокот по пат на два големи крвни садови во абдоменот на бабуните.

Поврзани вести

Back to top button