Избор на уредникотМакедонија

СРАМНО: Зборуваа за правда и чесност, а само за еден месец за патни трошоци пратеници од СДСМ, исто како колегите вмровци, си искеширале по 2.000 евра

Додека половина Македонија е зафатена од пожари и се потпишуваат штетни договори и носат неуставни закони со кои се разнебитува македонската држава на пратениците и од власта и од опозицијата по се изгледа најважно им е колу е можно повеќе да украдат народни пари. И што е најтрагично сето тоа се случува законски. Поточно со донесените закони со кои Пратениците добија статус еднаков на „Грчките богови“ , за да добојат надоместок за патни трошоци единствено нешто кое им е потребно е да покажат потврда од патарина и ништо повеќе, никава друга проверка.

Па така голем број на пратеници доаѓаат до вакви потврди иако не патуваат, општо е познато дека речиси сите тие имаат недвижнини во Скопје.

Седум пратеници на СДСМ за патни трошоци за март и април зеле над сто илјади денари месечно.

Од владејачката партија, надоместоци од над сто илјади денари во април имале координаторот на пратеничката група Томислав Тутев (106.752), Мира Стојчевска (103.074), Васко Ковачевски (103.681), Јован Митрески (103.617), Сашо Поцков (108.980), Александар Кирацовски (103.681), Жаклина Лазаревска (103.617).

Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, Алија Камбероски од ПЕИ и Агим Шаќири од ДУИ се тројцата пратеници на кои им се исплаќаат најмногу патни трошоци, покажува прегледот за исплатен надоместок за март и април до кој дојде Плусинфо. Секој од нив тројца зел над 150 илјади денари, а прв на листата е Мукоски.

Во март пратениците не работеа цел месец, додека поголемиот дел од април беа на работа. Станува збор за периодот кога во Собранието се одржуваше конститутивната седница, а на 27 април беше и упадот во законодавниот дом од демонстрантите од „За заедничка Македонија“.

На Крсто Мукоски кој патува од Вевчани, му се исплатени точно 156.356 денари (околу 2.500 евра). Најголемиот дел во април, 117.766 (речиси две илјади евра). По него на листата е стружанецот Агим Шаќири кој зел 154.755 денари, исто така најголем дел му се исплатени во април – 116.565. Единствениот пратеник на ПЕИ, Алија Камбероски кој е родум од струшко Лабуништа ја пополнува листата „ТОП 3“ со наплатени 150.300 денари кој како и неговите колеги, повеќе зел во април, 119.100 денари.

Ако месечниот просек за патни трошоци се движи околу две илјади евра, тогаш овие пратеници од наредната година, ако Собранието заседава постојано освен за годишниот одмор, би зеле најмалку околу 22 илјади евра. Слично, како и просекот што го имаше поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

Покрај Мукоски, Шаќири и Камбероски, во април надоместоци за патни трошоци повисоки од сто илјади денари зеле уште 13 други пратеници.

Подеднакво ги има и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Покрај Мукоски, тука се и неговите сопартијци: Лилјана Затуроска (103.617 денари), Лилјана Кузмановска (100.638), Зоран Илиоски (100.636), Нола Исмајлоска (103.617), Сашо Василевски (106.752).

Од владејачката партија, пак, надоместоци од над сто илјади денари во април имале координаторот на пратеничката група Томислав Тутев (106.752), Мира Стојчевска (103.074), Васко Ковачевски (103.681), Јован Митрески (103.617), Сашо Поцков (108.980), Александар Кирацовски (103.681), Жаклина Лазаревска (103.617).

Од албанските партии, покрај Шаќири од ДУИ, единствено во оваа група е пратеникот Сурија Рашици од Алијанса за Албанците, кој во април зел надоместок за патни трошоци од 107.782 денари.

На спротивната страна на листата односно меѓу оние со најмали пати трошоци, од околу 11 илјади денари, во април биле пратеничите Соња Мираковска од СДСМ и Зеќир Рамчиловиќ од Здружението за културно обединување на Бошњаците.
(ФБ статус на Јорданка Ивановска- Јоци)

За еден месец, за патни трошоци, сдсмовците, исто како колегите вмровци, си искеширале 2.000 евра плус плата од 1.500 евра=3.500 евра.

Во секој сдсмовец, всушност, цело време чучела по една Силвана Бонева, која ја “обесивме” на плоштад за истово. А, сега цело членство на СДСМ плус “борците за слобода” молчат и ја пикаат главата во песок.

Истиве овие, пред да дојдат на власт, глумеа чесни и ломотеа дека нема да бидат исти.
Не само што сте исти, напротив бетер сте. Затоа што, свесно го правите истото за кое урлавте дека е криминално однесување.

Полни усти демагогија и трошаџиски разврат, по само ЕДЕН МЕСЕЦ власт.

Ја пеевте “Бела чао” за кеш. Толку јасно. И устите ви беа полни со починати деца за да го читаме ова денеска.
Одвратни сте !

 

Поврзани вести

Back to top button