Срамно: Беџети, не потпишувал екстрадиција на убијците од „Монструм“
Како што се слушна денеска во судница, во прислушуваниот разговор од 14 март 2013 година, Љупчо Тодоровски-Радникот го прашува Сашо Мијалков: „Како да му напраиме притисок на овој?“, а тој возвраќа со прашање: „Јавно кажал или не?“. Тодоровски објаснува дека Билјана Бришковска-Бошкоски му ги дала документите за екстрадиција, но тој уште не потпишувал, што според Мијалков, „ако тоа е така, тогаш тоа е злоупотреба на функцијата”.
Во разговор меѓу тогашниот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски и Мијалков, првиот прашува: „Како да му направиме притисок на Блерим да потпише?“
„Ќе му направиме, не се секирај, како може да не потпише!“, му одговара Мијалков.
„Само, те молам, тоа да биде без медиумска помпа“, бара тој од неа.
„Одлично Блерим, битно е да се испрати. Со датумот за екстрадиција потоа може да се калкулира“, му вели таа.
„Ама и пред избори види да нема судско рочиште“, бара Беџети.
„Нема проблем, нема да има судење пред избори“, го уверува Јанкулоска.
На 3 март 2013 година, министерот за внатрешни работи на Косово Бајрам Реџепи ѝ јавува на Јанкулоска дека двајцата главни обвинети ќе бидат екстрадирани. Само ѝ вели, да не настане некоја дилема и забуна.
„Се надевам тие се со сигурност“, вели Реџепи.
„Се надевам нашите ќе го потврдат идентитетот“, му вели Јанкулоска и му се заблагодарува на соработката.
За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење