Избор на уредникотРелигија

Солзите на „Пресвета Богородица“ се мироточење – Неколкупати биле отстранувани со памук и повторно се појавуваат

На новите фотографии се гледаат капки роса на лицето на „Пресвета Богородица“, кои и покрај тоа што неколкупати биле отстранувани со памук, тие во текот на целиот ден повторно се појавуваат.

Првичните анализи, што ги направиле теолози на МПЦ на иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево покажуваат дека станува збор на мироточење, дознава „Религија.мк“.

bogorodica eden

Откако вчера веднаш по утринска литургија, присутните забележале капки налик на вода на самата икона, а по извесно време целата икона била оросена, свештеници и теолози на МПЦ кои извршиле анализи на иконата, првично потврдиле дека станува збор за „мироточење на иконата“, процес кој во црквата се нарекува чудо и кој не е непознат и често се случува во црквите.

bogorodica2

Црквата која беше затворена се додека не беа направени првичните анализи, сега е отворена, но само за верниците. МПЦ не дозволува снимање и фотографирање на иконата.

Иако иконата ја анализирале лица од кабинетот на Архиепископот г.г. Стефан сепак се чека и негова посета на црквата, по што МПЦ ќе излезе и со официјален став.

bogorodica3

Фотографиите се превземени од социјалните мрежи

Поврзани вести

Back to top button