Избор на уредникотМакедонија

Со копање криптовалути во Арачиново, Грчец, Сарај, Крушопек, Сингелиќ, Серава и Студеничани се краде струја во вредност од 100 милиони евра, тоа ќе го платат чесните семејства

Арачиново доби струја, сметките останаа неплатени, a министерот за економија Крешник Бектеши се пофали дека проблемот бил привремено надминат, без да објасни како, само дека Владата интервенирала кај ЕВН.

Oва е само уште еден доказ дека поважно од функционирањето на правната држава е опстојувањето на коалицијата СДСМ – ДУИ. Но зачудува фактот што и од ВМРО-ДПМНЕ речиси да нема никаква реакција. Очигледно дека од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи оставаат простор за идна коалиција со ДУИ.

Околу 5% од испорачана електричната енергија се користи неовластено, односно се краде. Тоа се се околу 300.000 мегаватчасови. Ако се земе дека пазарната цена за еден мегаватчас е 300 евра, а цената оди и до 500 евра за 1 мегаватчас,  тогаш годишно загубите од кражбите на струја е и повеќе од 100 милиони евра. Најпроблематични региони каде што не постојат услови за работа и спроведување на проекти за намалување на загуби се: Грчец, Сарај, Крушопек, Сингелиќ, Серава, Арачиново и Студеничани, соопштија од ЕВН.

Од компанијата велат дека проблемот е поради немање безбедност за вршење на редовно работни активности, дека вработените постојано се соочуваат со вербални, а често и со физички напади, постојано има оштетување на опрема, а обидите од општинските власти не го решеваат проблемот за обезбедување на нормални услови за работа на терен, а нема и доволно поддршка од страна на МВР.

Само лани ЕВН открила 650 случаи на неовластено преземање енергија низ територијата на државата. Колку од нив завршиле на суд од ЕВН не можеа да кажат.

Поврзани вести

Back to top button