Избор на уредникотМакедонија

Со еден клик проверете дали сте добитник на шест илјади денари

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk се објавени списоците со имињата на граѓаните кои добиле финансиска помош од 100 евра за купување домашни производи.

Секој граѓанин треба да го внесе само  матичниот борој и да види дали е на списокот.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме, велат дека помошта доцни, но сепак додаваат дека во оваа криза секој денар е добредојден кога и да бидат префрлени парите.

Исплатата на парите треба да почне штом листите се конечни. Граѓаните со средствата ќе може да пазарат и по 25ти декември, односно нема да има никакви временски рокови..

Парите ќе легнат на трансакција на веќе постоечките сметки на граѓаните, оние кои имаат блокирани сметки или воопшто немаат, банките во кои се распределени се должни да им отвораат нови наменски. Но, сепак парите, нема да може да се вадат од сметките.

Со овој пакет помош, по 6 илјади денари им следуваат на пасивните баратели на работа, потоа пензиониерите со месечни пензии до 15 илјади денари, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, младите од 16 до 29 години кои не добија пари со претходната мерка, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, естрадните уметници, филмските работници.

Поврзани вести

Back to top button