Скопје на петто место по загаденост во светот
Според објавата на веб-страницата iqair.com, во главниот град на земјава се измерени 136,2 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички. Најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Гази Баба, Центар и Ректорат.
Скопје вечерва се искачи на петтото место на листата на најзагадени градови во светот, според мерењето на квалитетот на воздухот во 21:33 часот.
Со индекс на загаденост на воздухот од 193 Скопје е во топ 10 листата со Колката, Сараево, Мумбаи, Лахор, Карачи. Најзагаде градови вечерва се Дака, Делхи, Бишкек.
Според објавата на веб-страницата iqair.com, во главниот град на земјава се измерени 136,2 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички. Најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Гази Баба, Центар и Ректорат.
Според мерењата на „Ај-кју ер“ најголемо загадување вечерва има во Општина Ѓорче Петров со измерени 148,1 микрограми на кубен метар ПМ2,5 честички и 193,9 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички.
Поради големото загадување, кое веќе два дена трае во Скопје, Владата попладнево информираше дека стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на прагот на алармирање за Градот Скопје, но и за Кичево, Кавадарци и Струмица.
Препораките се да се ослободат од работа хронично болните, да се реорганизира работното време за лицата кои работат на отворено, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, инсталациите што поседуваат А – ИСКЗ дозвола да го намалат капацитетот на производство на половина, општините да ја намалат до 50 отсто употребата на службените возила, а се препорачува и ограничување на работите на градежните објекти до престанок на важење на препораките и мерките.