Свет

Скандалозно: Пет девојки се тепале и кубеле за дечко, а соучениците навивале! (ВИДЕО)

Пет средношколки се тепале во попладневните часови денеска во Вараждин, а причината за судирот била едно момче.

Најмалку стотина средношколци стоеле во круг гледајќи ја тепачката, а некои дури и навивале.

Снимката објавена на Јутјуб покажува како девојките брутално се тепаат, си кубат коса една на друга, се удараат со нозе и раце, се борат и дават.

Една жена, сведок на настанот, раскажала за evarazdin.hr дека на тепачката и претходела расправија околу дечко.

– Една девојка стави статус на Фејсбук дека утрото околу 7 часот ќе има тепачка, но судирот бил презакажан во попладневните часови. Наместо да одат на кафе или на прошетка низ градот, девојките се тепаат. Јас само се прашувам како полицијата или во училиште на овие девојки не не знаеле за настанот кој е договорен седум дена однапред – заклучила читателката која испратила неколку видеа од тепачката.

Настанот траел околу половина час, а учествувале девојки од Средното стручно училиште во Вараждин.

Поврзани вести

Back to top button