Свет

Дали започна Третата светска војна, Русија и Америка се вооружуваат

Стокхолмскиот институт објави студија според која десетте најголеми воени сили во светот значително ги зголемиле своите трошоци за вооружување.

Соединетите Американски Држави вложуваат во војската и морнарицата, Русија во подвижни нуклеарни рампи. Што значи оваа нова трка во вооружување и дали веќе сме во Третата светска војна?

Трката не се води во двојка како некогаш. Според податоците на институтот SIPRI(Stockholm International Peace Research Institute), Саудиска Арабија ја престигнала Русија во вложувањата во модернизација на оружјето и воените сили со потрошени 100 милијарди долари во 2015 година, пренесува агенцијата „AFP”.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, повеќе пати во своите пораки ги осуди оние кои профитираат од „военото лудило“ и го повика светот не биде рамнодушен кон опасноста од „Трета светска војна“. Последниот лидер на СССР Михаил Горбачов, исто така изјави дека Третата светска војна веќе е започната.

Во исто време, кандидатите на прелиминарните избори за претседател на САД, Доналд Трамп и Берни Сандерс порачуваат дека САД повеќе не можат да бидат светски полицаец, како и дека не треба да се жртвуваат американските животи доколку Ким Џонг Ун ја нападне Јапонија или Јужна Кореја.

Сепак, круговите на моќ во Вашингтон имаат други планови.

„Ние ги истражуваме можностите, но и потребите кои ги имаат нашите вооружени сили за да бидеме во состојба да одговориме на сите закани. Особено мораме повторно да ги увериме нашите сојузници во рамките на НАТО и на истокот на Азија дека стоиме зад нив“, наведува претседателот на САД, Барак Обама.

Така доаѓаме и до последната точка на конфликтот. Нагорно – Карабах е дел од истата низа која ја сочинуваат Украина и Сирија, тврди соработникот на институтот Карнеги, Бека Бајелиџе.

Станува збор за енергија.

„Нагорно експлодираше бидејќи во тек е проект со кој гасот од Каспискиот регион би требало со еден гасовод и уште еден проект да биде донесен во Европа. Ерменија, како руски сојузник, е пречка на тој пат“, наведува Бејелиџе.

Зад светските сили не заостануваат ниту Европејците, кои исто така ги зголемуваат трошоците за опремување на силите на безбедност, но и на војската.

Поврзани вести

Back to top button