Синтетички човечки ембриони за прв пат се направени во лабораторија, велат научниците. Ова прекрасно соопштение може да биде џокер за истражувачите, но ќе им отвори куп прашања за оние кои ќе треба да ја регулираат оваа појава, пишува ИФЛ Наука.
Ембрионите биле добиени од матични клетки без потреба од сперматозоиди или од јајце клетки. Ова е одлично за научниците да истражат за најраните фази на еден човек – оние болести кои се јавуваат од раѓање, како што е генетските болести. Ова ќе фрли и ново светло на значењето на спонтаните абортуси во науката, на пример.
Пробивот беше објавен од весникот Гардијан по најавата на професорката Магдалена Жерника-Гец, развоен биолог од Универзитетот во Кембриџ и Калтек, на годишниот состанок на Меѓународното друштво за истражување на матични клетки во 2023 година.
Ембрионите кои биле синтетички создадени не содржат мозок или срце, но ги сочинуваат клетките кои би биле потребни за да се формира плацентата, жолчката и ембрионот. Професорката Жерника-Гец на пресконференцијата изјави дека структурите се во развој еквивалентен на 14 дена природна бременост за човечки ембрион во женската утроба.
Не е јасно дали би било можно да им се дозволи дополнително да созреат на овие синтетички ембриони. Тоа е затоа што законите во Велика Британија и повеќе западни земји во моментов дозволуваат човечки ембриони да се одгледуваат во лабораторија најмногу 14 дена. По овој момент, постои временски период каде што истражувањето на биолозите е попречено.
Тука не станува збор за создавање бебиња израснати во лабораторија. Иако уште не е познато како ова откритие може да биде употребено или злоупотребено.
Според статијата на ИФЛ Наука, се работи за разоткривање на поле од човековиот развој кое досега беше непознаница за научниците, а сега вратата е отворена.