Неверојатна наезда на штурци во САД: Со машини за снег ги ослободуваат патиштата (ВИДЕО)

Штурците создадоа ноќна мора за жителите на шест окрузи во американската сојузна држава Невада. Инсектите ја покрија вегетацијата, патиштата, па дури и ѕидовите на регионалната болница во североисточна Невада.

– Не можевме да носиме пациенти во болница! Донесовме луѓе со дувалки и метли за да ги расчистат патиштата. Користевме дури и трактор со плуг за снег во еден момент само за да ги истуркаме купиштата штурци од патот“, рече директорот за односи со заедницата на регионалната болница во североисточна Невада, Стив Бароуз.

Според Џеф Најт, ентомолог од Одделот за земјоделство во Невада, штурците имаат циклус од четири до шест години, а потоа исчезнуваат некое време. Периодот на мирување за Елк и другите пет окрузи заврши во 2019 година и сега се вратија.

– Мормонските штурци имаат една генерација годишно, снесуваат јајца околу јули, а тие јајца ќе се развиваат во зима и ќе се изведат на пролет. Сепак, инсектите сега доцнат, се извеле дури во средината на април, а тоа го диктирала влажната зима – изјави Најт.

Ентомологот додаде дека штурците се во фаза на миграција и дека поминуваат околу еден и пол километар дневно. Најголем проблем е што создаваат опасни услови на патиштата. Патиштата се покриени со прегазени штурци и стануваат лизгави по дожд.

– Имавме бројни несреќи предизвикани од штурците – вели експертот.

Најт рече дека Одделот за транспорт на Невада користи песок на патиштата во областите каде што штурците оставиле лизгава обвивка. Тој додаде дека за нивно отстранување користеле и машини за снег. Што се однесува до штурците кои ги наполнија дворовите и се качуваат по ѕидовите, тој ги охрабрува сопствениците на куќи да бидат трпеливи бидејќи инсектите треба да се преселат низ областа за три до шест дена.

– Сочувствувам со луѓето, популацијата на инсекти е огромна, но ќе исчезне – вели Најт.

За Дрејк, тоа е полесно да се каже отколку да се направи.

– Имам штекер без капак и низ него ми влезе штурец и ме гледаше кога се разбудив. Паѓаат и од таванот. Тие се само супер одвратни“, рече таа со насмевка.

Мормонските штурци можат да пораснат и до осум сантиметри. Тие јадат трева и земјоделски култури, но ако не можат да најдат храна, можат да јадат и членови од својот вид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест

Препорачани

Welcome Back!

Login to your account below

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.