Македонија

Синот на пратеникот Мисовски дал отказ на работното место

Синот на пратеникот Горан Мисовски дал отказ на работното место во Агенцијата за осигурување, потврди пратеникот.

Тој истакна дека неговиот син бил привремено вработен во Агенција за осигурување која го контролира приватниот сектор. Огласот траел една недела, а тој бил единствениот пријавен кандидат.

Исто така, и пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави денеска дека неговата мајка се повлекла од Централниот регистар во Струмица каде беше вработена. Оставката дојде по најавата на премиерот дека роднини на функционерите ќе се повлечат од своите работни места.

-Иако мојата мајка е вработена на транспарентен оглас, објавен оглас, каде што се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со неа и таа ќе се повлече од работното место. Очекувам овој принцип на висок морал да го следат и останатите функционери.

Поврзани вести

Back to top button