Живот

Што да направите кога некој ќе ве навреди?

Еден ден, Буда се шетал низ селото. По некое време му пришол еден многу лут и непристоен младич и започнал да го навредува.

„Ти немаш право да го подучуваш другите“, викнал тој. „Глупав си како и сите останати. Ти си еден обичен лажго.“

Буда не се вознемирил од овие навреди. Наместо тоа, го прашал младичот: „Кажи ми, ако на некој му дадеш подарок, а таа личност не го прифати, тогаш кому му припаѓа тој подарок?“

Младичот бил изненаден од необичното прашање и му одговорил: „Подарокот би ми припаѓал мене, бидејќи јас го купив.“

Буда само се насмевнал и рекол:

„Тоа е точно. Истата работа е и со твојата лутина. Ако ми се налутиш и јас не се навредам, тогаш лутината ти се враќа назад. Тогаш ти си тој кој ќе стане несреќен, а не јас. Со сѐ што си направил, си се повредил себеси. Ако сакаш да престанеш да се повредуваш, тогаш мора да се ослободиш од лутината и да се наполниш со љубов. Кога ги мразиш другите, ти стануваш несреќен. А, кога ги сакаш другите, тогаш сите се среќни.“

Поврзани вести

Back to top button