Избор на уредникотМакедонија

Шехтански ја поддржа идејата на Георгиевски со која Тетово, Гостивар и Дебар требаше да припаднат на Албанија

Лидерот на партијата ТМОРО Ванчо Шехтански ја поддржа идејата на некогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен милионер, Лубчо Георгиевски за размена на територији со која Тетово, Дебар и Гостивар би припаднале на Албанија, идеја која беше осудена на пропаст но им послужи како алиби на терористите од УЧК како изговор пред меѓународната јавност дека Македонците се тие кои сакаат да ја поделат Македонија.

Шехтански смета дека Македонија во 2001 година ја пропуштила шансата со размена на територии да создаде држава со сите македонски обележја. Според него, поделбата на Македонија и размена на население им одговарало на Македонците, но сега било доцна за такво нешто.

„Размената на територии и население, да се направеше во 2001, денес ќе доведеше до Македонска национална држава со сите Македонски обележја. Колку и да изгледало во тоа време како неприфатливо, од денешен аспект после две децении демографска и социјална катастрофа, двојазична држава, сменето име, избришан идентитет….за Македонците е прифатливо решение , ама возот веќе отиде”, смета Шехтански.

На почетокот на деведесетите години Љубчо Георгиевски својата политичка кариера ја започна со паролата „Солун е наш“ за по само една декада да се откаже од македонските градови Тетово, Гостивар и Дебар. Поточно за време на конфликтот од 2001 година, а според некои искази и претходно, тој целосно да си го промени убедување и скандалозно да започне да се залага за поделба на Македонија и размена на територии.

Георгиевски во колумната во „Дневник” во април 2003 година напиша: „Потребно е најитно враќање на тезите изнесени од неколку академици за размена на територии и на население или, поточно, разграничување помеѓу Македонците и Албанците. Основата на нашиот интерес е етничко спасување на Куманово, Скопје, Кичево и на Струга, што подразбира иселување на албанските граѓани од тие области…“ – Дневник, Број 2776, 18 март 2006 година.

Наместо како тогашен премиер чија должност е да го брани територијалниот интегритет на земјата Георгиевски прв предложи земјата да биде поделена, идеја која беше осудена на пропаст но им послужи како алиби на терористите од УЧК како изговор пред меѓународната јавност дека Македонците се тие кои сакаат да ја поделат Македонија.

Останува нејасно како сите овие политичари кои отворено го рушат територијалниот интегритет и уставниот поредок се уште имаат подржувачи во македонската јавност.

Во поновата историја единствени политичари во Европа што се одрекле од своја територија се некои српски политичари меѓу кои и Ивица Дачиќ кој за време на Бриселските преговори прифатил влез на Косово во ООН, доколку Србите го добијат северниот дел.

Поврзани вести

Back to top button