Избор на уредникотМакедонија

Шамбевски до ЛГБТ: Христос и Христијанството ги преживеале и Нерон и Диоклецијан и Сталин ќе ве преживее и вас иако го ругате, тоа е религија на љубовта

Оливер Шамбевски поранешен амбасадор на Македонија во Ватикан и Рим на својот Фејсбук профил се обрати до ЛГБТ заедницата, откак вчера на социјалните мрежи осамнаа фотографиите направени во Музејот на современа уметност каде во склоп на Недела на гордоста, припадниците на ЛГБТ, приредија сексуални перформанси.

На една од фотографиите може да се забележи гол маж кој е облечен како православен свештеник а до него стои светец, фотографија која всушност предизвика бурни реакции кај многумина.

„Епитрахилот е најважниот дел од свештеничката облека, без него свештеникот не смее да одржи никаков обред, затоа да се ругаш со него е голема навреда и сквернавење за христијаните… ама знаете што… Христос и христијанството истрпеле многу ругања… го преживеале и Нерон и Диоклецијан и Сталин и многуте комунистички комесари и комесарчиња… а знаете зошто христијанството сепак преживеало? Праша на Фејсбук, Оливер Шамбевски поранешен амбасадор во Ватикан и Рим.

Едноставно затоа што суштината на вербата христијанска е слободата и љубовта… затоа што христијаните го мразат гревот, а не грешникот, затоа што слободата е христијански принцип што го немате нигде на друго место… затоа што простуваме оти не знаете што правите, простуваме искрено и кога знаете што правите оти не е наше да судиме. Искрено мислам дека во овој случај користејќи го епитрахилот во вашите бахиналии покажувате дека вие само сте возгордеани, а не баш дека заете што правите, напиша Шамбевски.

А ако сепак знаете тогаш… па тогаш сами си го бирате местото на маргините оти никој не може да има разбирање за потребата да бидеш деструкивен и да навредуваш и омаловажуваш се околу себе, а да бараш да бидеш почитуван… едноставно многу жално изгледа тоа, објаснува Шамбевски.

А знаете зошто ќе ве преживее и вас и таквите како вас? Ќе ве преживее затоа што не сте ниту први ниту оригинални во ругањето на христијаните… прочитајте за св. Ардалион Глумецот и за св. Порфириј Глумецот па ќе сфатите зошто е Христијанството религија на љубовта и слободната волја… и зошто… ама ај…, напиша тој на Фејсбук.

Поврзани вести

Back to top button