Избор на уредникотМакедонија

Сергеј Самсоненко: “Горд сум на овој македонски народ – Поради вас срцето ми чука надвор од телото”

Сопственикот и претседател на новиот европски ракометен шампион, РК Вардар, бил меѓу најсреќните присутни на плоштадот Македонија.

Сергеј Самсоненко со солзи во очите кажа дека е горд на играчите, дека е горд на македонскиот народ кој зрачи со посебна енергија. Како што вели, таа енергија ја почувствувале и играчите.

“На почетокот на сезоната дојдоа нови играчи. Јас разговарав со Чупиќ кој ми рече: „Шефе паметно работиш, ме зема мена за да ја освоиш Лигата на шампионите“. Арпад ми рече пред тргнувањето во Келн да се правиме како да сме туристи, а да одиме таму за да го освоиме трофејот. И го освоивме. Сакам да ви кажам дека пред финалето, на состанок им кажав: „Само нашите навивачи слушајте ги, друго ништо“. Кај вас има посебна енергија и ние ја чувствуваме. И денеска кога доаѓавме од аеродром гледав многу луѓе со солзи радосници и со исполнети срца. Уште еднаш благодарам многу, ова е ваша заслуга, рече Самсоненко.

Самсоненко додал и дека поради фановите срцето му чука надвор од телото, и дека фановите се нивно сè. На крај тој не издржа и ја запеа “Ој Вардаре Македонски”.

Поврзани вести

Back to top button