Сега и без бугарски пасош лесно може да најдете работа во Германија – Еве како
Сега и без бугарски пасош лесно може да најдете работа во Германија, Шведска и Норвешка. Доколку го посетите сајтот, ec.europa.eu/eures, можете да најдете вработување на еден од огласите кои се објавени.
Доколку сакавте да заминете во Шведска, потребен ви е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во скандинавската земја не постои иселеничка виза. Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови. Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка.
Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор. www.jobboerse.arbeitsagentur.de е веб страната за работа во Германија. Овие земји се соочуваат со голем број на недостаток од кадри, посебно во овие сектори:
Германија: ИТ, Машински инженери, Електорничар, Електричар, Електроинсталатер, Водоинсталатер, Лекар, Медицински сестри и Негуватели на стари луѓе и болни деца
Шведска: Стоматолози, книговодители, Кувари, Пекари, Молери, Градежни техничари и инженери, Електроинженери, ИТ Сектор
Норвешка: Кувари, Пекари, Градежни техничари и инженери, Медицински сестри и лекари.