Избор на уредникотМакедонија

Седат Пекер слободно се шетал на кеј заедно со обезбедувањето (ВИДЕО)

Седат Пекер често шетал и низ центарот на градот Скопје. За тоа говорат и видеата поставени на неговиот Јутуб канал каде тој не криел дека бил на прошетка на Кејот 13-ти ноември, а пиел кафе и на една од галиите на реката Вардар.

Медиумите во Турција го опишуваат како водач на турската мафија, суден за убиства, државен преврат. Припадник на струјата на Гуленистите, и моментално во егзил од Турција.

На Пекер му се судело за убиство на шверцерот со дрога Абдула Топчу, но бил ослободен од обвинението. Двајцата други обвинети во истиот случај, кои наводно работеле за него, беа осудени на доживотен затвор.

Одново на истата локација дошол и три месеци подоцна. За тоа говорат и видеата поставени на 12-ти декември претходната година каде самиот тој се пофалил дека е во центарот во Скопје и во посета на реката Вардар.

 

Поврзани вести

Back to top button