Македонија

Се спасил од пет куршуми – Двајца братучеди пукале кон 25-годишен жител на Грчец

Жителите на Сарај вчеравечер ги вознемирило пукање во селото. Двајца братучеди пукале кон 25-годишен жител на скопско Грчец, а причините за пукањето не се познати.

Вчера во 19 часот Ќ.Љ. (25) од Грчец, скопско, пријавил во полиција дека додека бил во Сарај, било пукано кон него. Од СВР-Скопје соопштија дека пукањето се случило на бензинската пумпа во селото. А.Н. испукал два куршуми кон Ќ.Љ., но не го погодил.

По кратко време С.Н., инаку братучед на А.Н., со автомобил „голф“ го бркал Ќ.Љ. и испукал уште три куршуми кон него, но и тој не го погодил. Нападнатиот успеал да избега без повреди.

Полицијата извршила увид и работи на целосно расчистување на случајот. Сè уште не е позната причината за пукањето.

Поврзани вести

Back to top button