Македонија

СДСМ: При ископ на зграда во Скопје, којашто ја вршела компанија на Ивица Георгиевски – Фреди, близок до ДПМНЕ поради несоодветно обезбедена градежна јама е загубен човечки живот

кандалот, во кој за жал е загубен човечки живот, е поврзан со луѓе блиски до потпретседалот на ДПМНЕ Александар Николоски и опозициската ДПМНЕ, велат од СДСМ.

– При ископ на зграда во Скопје, којашто ја вршела компанија на Ивица Георгиевски – Фреди, човек близок до ДПМНЕ и актуелниот потпретседател Александар Николовски, поради несоодветно обезбедена градежна јама е загубен човечки живот и прекршен е законот. Во дел од медиумите се објавени и информации дека наводно Николоски е ортак со Георгиевски соопшти владејачката партија.

Велат дека за овој случај мора да има одговорност за што, како што додаваат, надлежната институција веќе има поднесено кривични пријави за незаконско работење.

Овој скандал кој покажува дека на ДПМНЕ не им се важни човечките животи туку бизнисите и дека непочитувањето на законите е нивна одлика. Во оваа партија ништо се нема променето. Ова е доказ како работи ДПМНЕ порачаа од СДСМ.

Поврзани вести

Back to top button