Свет
Руските сили убиле над 320 терористи кај Палмира
Руските воено-воздухопловни сили од 20 до 23 март во регионот на Палмира извеле 146 напади и убиле над 320 терористи, пренесе ТАСС, повикувајќи се на соопштение на Министерството за одбрана.
Претходно, во текот на денот, сириските владини сили влегоа во древниот град во пустината, што минатата година беше заземен од џихадистичката група Исламска држава.
Рускиот центар за помирување на страните во сирискиот конфликт соопшти дека во последните 24 часа биле констатирани седум прекршувања на режимот на прекин на огнот, две во крајбрежната провинција Латакија и пет во северната провинција Алепо.