Свет
Русите се закануваат: Ќе го пробиеме Американскиот ракетен штит
Новите балистички ракети кои Русија ги разработува ќе бидат во состојба да пробијат било каков ракетен штит на САД, изјавил заменик рускиот премиер, Дмитриј Рогозин.
Како што оценил, руските нуклеарни сили се сочинети од неколку типови на ракети – меѓу другото и стари советски класични ракети од типот “Војвода” – но моментално се работи на развивање на нови.
“Новото вооружување наскоро ќе се појави во рацете на руските војници. Оружјето е во состојба да пробие било каква моментална, или идна американска противракетна одбрана. Ќе ја пробиеме таа одбрана”, рекол Рогозин.
Според неговото мислење, противракетниот систем на САД моментално не претставува никаква закана за Русија, пишува Sputnik.