Свет

ВИДЕО: Фатен терорист на ИД признава – Силував 500 жени

Фатен терорист од “Исламска држава” кој раскажа застрашувачки детали за масовни егзекуции извршени од групата за време на нападите по населбите на Јазидите. Амар Хусеин вели дека по цел ден го чита Куранот во својата мала ќелија, за да стане подобар човек. Сепак, тој не покажува никакво каење дека силувал 200 жени во ирачките населби.

Хусеин, заедно со уште еден член на “Исламска држава”, бил фатен за време на нападот на Киркук во октомври.

Хусеин раскажува дека неговите емири или локални команданти на “Исламска држава” му давале “зелено светло” да силува колку сака девојки Јазидки. Младите имаат потреба од тоа, вели тој во интервју откако курдски агент за контраразузнавањем му ја вади качулката од главата.
Хусеин раскажа уште како е одел од куќа до куќа во неколку ирачки села и силувал жени. Курдските функционери пак велат дека имаат докази за силувањата на Хусеин, но не и информации за нивните размери.

Хусеин раскажува уште дека убил околу 500 луѓе од 2013 година, па наваму, кога се приклучил кон ИД. “Го убивав секој кој требаше да го убиеме. Го обезглавувавме секој кој требаше да се обезглави “, додава тој.

Тој исто така се сети како Емир го обучувал да убива. Првично тоа беше тешко за него, но потоа, откако поќнал да го прави врз луѓе, сето станувало полесно со секој изминат ден. “По 7-8 одеднаш. 30-40 лица. Ги носевме во пустината и ги стрелавме”, вели Хусеин.

На крајот тој вели дека станал толку ефективен дека при убиство дури не му трепнува окото. “Возев ги терав да коленичат, им ставав превез на очите и пукав во нивните глави”, раскажува тој. “Тоа беше нормално”, додава џихадистот.

За својата судбина Хусеин ги обвинува животните услови. Тврди дека е производ на скршено семејство и сиромаштија во родниот град Мосул. “Немав пари. Немаше кој да ми каже што е грешно и што е правилно. Немаше работа. Имав пријатели, но никој не ми даваше совет “, раскажува Хусеин.

 

21-годишниот Хусеин ја почнал кариерата на исламист, кога бил само 14 години. Тој бил вовлечен во светот на џихадисти од проповедник во локална џамија. После тоа се придружил на “Ал Каеда”, а сега се очекува да биде суден за учеството во “Исламска држава”.

Video Player

Поврзани вести

Back to top button