Родила петорка, а потоа сопругот ја напуштил: Животот целосно и се променил после три години
Семејството на Оксана Кобелескај и Сергеј Семенов имало ќерка Алис Алис, кога Окасана останала повторно трудна. На редовен преглед, на ултразвук разбрале дека ќе добијат пет деца. Останале без зборови. Петорка е карактеристично за вонтелесна бременост, но не и природна. Оксана била единствен случај. Една од 85. милиони бремени жени.
Лекарите во Одеса веднаш предложиле отстранување на неколку ембриони, со цел другите да се развиваат нормално. Но, на Оксани не и се допаднала идејата. Таа одлучила: колку и да и даде Бог, толку многу деца ќе раѓа. Сепак, нејзиниот сопруг не бил задоволен од нејзината одлука и ја напуштил Оксана.
Тој заминал, но не долго. Сергеј се вратил кај Оксана и крајот на бременоста двојката ја дочекала заедно. Во 2016 година, е родена петорката. Децата имале мала тежина: од 1.200 грама до 1.900 грама.
Оксана родила три момчиња: Давид, Денис и Влад, и две девојчиња: Саша и Даша. Петорката станала вистинска сензација, не само во Одеса, туку и низ целиот свет. Градоначалникот веднаш им ги предал клучевите од стан со пет простории, а новинарите постојано ги следеле. Додека била во болницата, Оксана имала многу помош со персоналот. Меѓутоа, кога се вратила дома, нејзиниот сопруг и мајка и се потрудиле да и помогнат со децата.
Првите месеци Сергеј бил таму за да и помогне на Оксана да ги нахрани, да се искапат и повијат бебиња. Таа работа немала крај. После неколку месеци, Сергеј изјавил дека е уморен. Оксана ја прифатила таа изјава како машка слабост. Не и било јасно како може неа, на мајката, да и каже дека е уморен, бидејќи знаел да поминува три часа на ден играјќи компјутерски игри.
Кога Давид, Денис, Влад, Саша и Даша наполниле шест месеци, нивниот татко решил да го напушти семејството, па затоа поднел барање за развод.
До денес не е позната причината за неговото заминување. Оксана одбила да го коментира заминувањето на Сергеј. Тој не сакал да плаќа алиментација за своите шест деца:
Не сум физички способен. Повреден сум додека бев во брак. Затоа, не можам да и помогнам на Оксана, изјавил Сергеј.
Оксана коментирала дека ако Сергеј немал пари, тој би можел да дојде и да внимава малку на бебињата – затоа што тоа е доволно помош.
Љубезни луѓе формирале фонд за помош на Оксана и децата. Како самохрана мајка на шест деца, Оксана исто така добивала помош од државата. Покрај тоа, Оксана нашла начин да заработува пари. Таа започнала да води блог, каде го опишувала животот со шест деца. Животите на ова необично семејство ги следат над 100.000 луѓе. Децата учествуваат во реклами, а семејството заработува добро.