Uncategorized

Пушел пред ресторан, па сопственикот со противпожарен апарат му ја изгасил цигарата (ВИДЕО)

Сопственик на ресторан од Солт Лејк Сити, во Јута со апарат за гаснење на пожар му ја изгаснал цигарата на човек кој пушел пред неговиот ресторан.

Џон Бирд вели дека пред трговскиот центар бил излезен на пауза за пушење цигара. Претходно, сопственикот на ресторанот го опоменал да не пуши на таму, бидејќи било преблиску до угостителскиот објект.

Тој се обратил кај обезбедувањето на трговскиот центарот и тие му дале дозвола да пуши таму, но тој повторно налетал на сопственикот. Девојката на Бирд почнала да снима кога видела како Алекс Џејмисон се приближува со апарат за гаснење пожар.

– Тој излезе со непријателска енергија, со противпожарен апарат во рацете и рече: Ти реков, не можеш да бидеш тука, рекол Бирд.

По краткиот разговор, девојката на Бирд го прашала Џејмисон дали ќе го испрска, а тој и одговорил дека ќе го стори тоа.

Кога Бирд повторно ја ставил цигарата во уста, сопственикот го испрскал по лицето.

– Јас сум во шок, не ми се верува дека вакво нешто можеше да се случи, изјавил Бирд по инцидентот.

Поврзани вести

Back to top button