Избор на уредникотМакедонија
Прво физички го нападнал па го избодел со нож, пред угостителски објект пронајден повреден 36-годишник
Ноќеска во 01.50 часот во полициската станица Центар било пријавено дека пред угостителски објект на булеварот Партизански одреди во главниот град со повреди од остар предмет бил пронајден 36-годишниот А.Д. од Скопје.
По преземени мерки било утврдено дека тој бил нападнат во угостителскиот објект од М.Н., по меѓусебна физичка пресметка пред објектот.
А.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.