Живот

Приказна која ќе ви го стопли срцето: Мудроста и добрината на децата од Африка

Еден антрополог им предложил интересна игра на неколку дечиња од едно племе во Јужна Африка со цел да види како тие ќе се однесуваат. Тој поставил една кофа овошје покрај стебло кое било оддалечено неколку метри од нив и им рекол дека оној кој ќе дотрча прв до неа ќе го добие овошјето како награда. Децата се согласиле да ја играат играта.

afrika-deca

Но, кога тој им дал знак да почнат да трчаат, сите деца се фатиле за рака и со ист чекор тргнале кон кофата, а потоа седнале покрај неа, во круг, и заедно уживале во овошјето. Кога изненадениот антрополог ги прашал зошто го направиле тоа заедно, кога еден од нив можел да победи и сам да го освои овошјето, тие му одговориле:

„Како може еден од нас да биде среќен, ако останатите се тажни?“

Поврзани вести

Back to top button