Избор на уредникотФото

Претседателите на Австрија и Швајцарија како „обични“ граѓани се возеа со метро (ФОТО)

Претседателот на Австрија Александер ван дер Белен често го користи градскиот превоз во Виена и со тоа придонесува за заштита на животната средина, а на такво однесување ги наговара и своите гости.

Па така, денес со претседателската на Швајцарија, Симонета Сомаруга, која се наоѓа во посета на Виена, со метро отпатуваа до предвидената локација во рамки на посетата.

– Заедно со швајцарската претседателка Симонета Сомаруга во градскит превоз кон проектот за развор на Виена Фрител Цвај во Криау. Тоа е конкретен проект, кој испушта 70 отсто греење и ладење без емисија на штетни гасови од постоечки извори на енергија на лице место. Со тоа годишно се заштедуваат 800 тони јаглерод диоксид. Пример за овој проект е енергентскиот прокет од Швајцарија – напиша Ван дер Белен на својот Фејсбук-профил, заедно со фотографиите на кои може да се забелжи како патува со метро со швајцарската претседателка.

Поврзани вести

Back to top button