Претседател испрати порака до ЕУ: Вие сте идиотски к****ни синови!
Контроверзниот филипински претседател Родриго Дутерте ја нападна Европската унија поради нивното лицемерие и лидерите на Унијата ги нарече к****ни синови.
Европската унија неодама ги повика филипинските власти на воздржување од претседателската крвава војна против нарко дилерите. Во говорот пред кинеските бизнис партнери, Дутерте ја осуди Европската унија што поттикнува рехабилитација, наместо затворање и убивање на зависниците.
Тој порача дека „не му е потребна ниту ЕУ ниту било какви идиотски програми за рехабилитација“, кои што на крајот нема да успеат да ги сопрат зависниците да ограбуваат, силуваат и убиваат недолжни луѓе.
„Нашите маки беа олеснети со парите кои што доаѓаат од Кина. Ни се јавија од Европската унија и ни рекоа дека сакаат медицинско решение на проблемот со дрогата. Тие се к****ни синови“, порача Дутерте.
Дутерте тврди дека програмата за рехабилитација на Европската унија вклучува и давање дрога на зависниците.
„Сакаат да градиме клиники наместо да ги апсиме и затвораме како во останатите држави. Таму одите во затвор, ви даваат амфетамини и потоа излегувате надвор. Зарем нашите луѓе само ќе одат таму и ќе ги конзумираат сите можни хемикалии до бесвест додека не полудат… кој ќе одговара за тоа?“, порача Дутерте.
Законодавците од Евроската унија минатата седмица ги осудија нелегалните убиства на Филипините и порачаа дека мета на тамошните власти треба да бидат илегалните извори на дрога, а не корисниците. Дутерте од друга страна порача дека ЕУ нема право да се жали на крвопролевањата на Филипините затоа што во Европа биле убиени милиони луѓе во двете Светски војни.
„Лесно е да се критикуваат и истакнуваат грешките. Боже мој, погледнете ја вашата историја. И вие ги извалкавте рацете со крв. Зошто предлагате глупаво решение“, изјави контроверзниот филипински претседател.