Живот

Прегрнати заминаа во смрт: Сараевските Ромео и Јулија и по 23 години симбол на љубовта

Пред 23 години, во 17:00 часот несреќно заврши голема љубов. Кога започна војната во Босна, Србинот Бошко Бркиќ и Бошњачката Адмира Асмиќ биле во врска 8 години.

Тој можел да замине со неговите родители но никако не сакал да ја оставу својата сакана која велела дека само куршум можел да ја раздели.

Бошко и Адмира мечтаеле за долг пат кој за нив значел слобода. Тие сакале да ја преминат реката Миљацка да стигнат до Грбавица па од таму до Белград и некако да излезат надвор од земјата. Родителите на Адмира не се согласувале со нивниот план, но секако таа не дозволила да ја загуби својата единствена љубов.

Американски репортер на светот ја пренесе нивната трагична приказна каде тие кога тргнале да преминуваат од другата страна на мостот ги погодиле снајперски истрели.

Умреа заедно прегрнати, раскажала мајката на Бошко која никогаш не дознала од каде биле пукани.

Фотографијата од нивните прегрнати тела го обиколи светот и тие беа наречени сараевските Ромео и Јулија.

Нивните тела 7 дена лежеле на мостот бидејќи УНПРОФОР одбил да ги повлече се додека не се прогласи примирје. Дури 8миот ден биле погребани на гробиштата во Лукавица.

Кога завршила војната по желба на родителите нивните тела биле  погребани на гробиштата Лаб во Сараево.

Поврзани вести

Back to top button