Македонија

Потресна приказна стои зад иконата на дрвото во Скопје

Потресна приказна е поврзана со иконата изрезбана на дрвото во центарот на Скопје. Сите се прашуваа кој и зошто ја нацртал оваа прекрасна икона. Приказната е навистина срцепарателна и зад неа стои изгубен млад живот.

Според кажаното, пред 22 години поточно на ден Благовец 8/9 април 1993 на ова место згаснале два млади животи во сообраќајна несреќа. Приказната се поклопува и со датумот изрезбан на самата икона.

Девојка и момче, колеги од работа, заедно работеле во кафуле во близина, во раните утрински часови враќајќи се од работа возеле по улицата и тоа со голема брзина, изгубиле контрола над возилото Корвета и се забиле во дрво крај патот. Најверојатно дрвото каде сега е иконата или некое близу, бидејќи таму е местото каде се случила сообраќајката.

Двајцата загинале на лице место, а девојката имала само 22 години. Читателката на MKnews се сеќава на големата трагедија и претпоставува дека иконата е нацртана од едно од семејствата на на загинатите – во спомен на нив и на прерано згаснатите животи.

Нека почиваат во мир, а оваа прекрасна икона нека е потсетник дека животот е секунда. Невнимание, брзо возење носат млади животи секојдневно.

Поврзани вести

Back to top button