Македонија

Поранешната Влада потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што скапуваат во магацини

770 наслови се печатени во тираж од 1.000 примероци по книга и најмалку 19 милиони евра народни пари се потрошени преку десетгодишниот владин проект „Превод на 1.050 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните универзитети“ реализиран од Владата на Република Македонија во периодот 2008 – 2017 година, покажува истражувањето на Порталб.мк.

Иако целта на проектот беше литературата да ја користат студентите во Македонија, таа намерно или ненамерно е промашена – повеќето од книгите не се користат поради спорниот превод и бројните грешки.

Неколку десетици илјади примероци се наоѓаат во нечист и неуреден магацин на Министерството за образование и наука во Гостивар и уште десетици илјади други во исти услови во магацините на Министерството за култура во Скопје.

За неколку стотици примероци нема ни трага ни глас, не се знае ни што се е објавено затоа што нема соодветна евиденција.

Исто така, постои сомнеж за бројни прекршувања на Законот за јавни набавки.

На тендерите добивале фирми кои биле партиски донатори.

Порталб.мк открива дека првично била планирана само една фаза за превод на 500 наслови, но како минувале годините, бројот на наслови се зголемил.

Проектот, кој низ годините е преименуван во различни имиња поминал низ три фази:

  • Прва фаза: чини околу 167.240 денари (5.254.752 евра), бројката може да биде поголема бидејќи недостига тендерската документација за 280.000 книги;
  • Втора фаза411.405 денари (10.984.656 евра)
  • Трета фаза500.000 денари (2.954.991 евра)
  • Вкупно три фази184.078.640 денари или 19,172,284.89 евра.

 

Поврзани вести

Back to top button