Порака на белграѓанец стана хит на социјалните мрежи: Девојки престанете, изгледате како месо во излог!
„Дали навистина сакате да бидете дел од излог со изложено месо кое нормално еднаш се употребува, се заситува човек, и следниот ден веќе гледа друго парче?“, прашува еден белграѓанец. Тој на Фејсбук се претставува како Капитано, а неговиот статус предизвика целосна еуфорија на социјалните мрежи.
Неговото гледање на фотографиите на девојките по социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост:
„Ајде да се обидеме да бидеме реални во следните неколку редови. Некое време сакав само да направам ваква фотка, чисто да разјасниме нешто. Реално и објективно гледано 99 од 100 мажи, на ова што се гледа на фотографијата, би кажале дека би спиеле со секоја девојка од фотката.
Убави задници, привлечни пози, па зошто да не?
Но, другиот факт е дека барем 95 од тие 99 мажи само би спиеле со конкретните девојки и никогаш повеќе не би им се јавиле, евентуално можеби кога повторно ќе добијат потреба, а немаат нов задник за дадените потреби.
Дали тие мажи се виновни за таквиот пристап? Па, донекаде да, прилично е површен. Но, дали на тие мажи им е понудено нешто посебно повеќе од тони и ридови исти фотографии, исти пози, исти филтери, исти прикази кои не инспирираат на ништо друго освен на животниските инстинкти?
Да, но во многу мал процент.
Навистина се обидувам да ви доловам нешто важно.
Доколку постојано исфрлате фотки во таа една или тие две-три пози во кои добро изгледате, и притоа на фотките константно ги истакнувате задникот или градите, неважно дали во бикини или во долен веш, во шорцеви/краток фустан/здолниште кое ви открива половина задник, како може да очекувате од кој било маж да ве гледа како нешто друг освен сексуален објект?