МакедонијаТоп

Покачувањето на платите на функционерите ги остави бебињата без пелени?

Дали е вистина дека во Буџетот нема пари за зголемените плати на функционерите за неверојатни 70 проценти, па се крати од секаде од каде што може да се крати, вклучително и од парите за исплата на породилните отсуства, прашуваат од порталот ДЕНАР.МК.

Ова прашање сѐ почесто се поставува во политичките кругови откако голем број мајки на новороденчиња на социјалните мрежи реагираат дека 2 месеца државата ги оставила без пари за пелени и за млеко.

Конкретен одговор на прашањето, секако, не добивме ниту од Министерството за финансии, ниту од Фондот за здравство.

Единственото нешто што го добивме од овие две институции е можноста да следиме „пинг-понг натпревар“ во живо, за време на кој сите си го префрлаат топчето од својата на туѓата страна.
Едните велат дека парите треба да ги пушти Трезорот во министерството, а од Финансии враќаат дека во Трезор не стојат налози.

А каде лежи главниот проблем и колку точно пари месечно се предвидени за оваа намена – никој не кажува.

ПОВЕЌЕ ВО ДЕНАР.МК

Поврзани вести

Back to top button