По силувањето и убиството на Ангелина – Се преправала дека има 14 години, за помалку од 2 минути ѝ се јавиле 20 манијаци!
Настанот кој ја зави цела Србија и регионот во црно, грозоморното силување и убиство на малата Ангелина од Зајечар, создаде паника кај родителите особено бидејчи денеска има секакви монструми кои на различни начини. а најчесто преку социјалните мрежи, се обидуваат да дојдат до децата.
“Педофил силувал и злоставувал три годишно детe” – ова се чини дека станува сè почеста сторија во делот за црна хроника, но исто така се чини и дека сè позачестените вакви црни стории никако да подигнат медиумска прашина, а проблемот станува сè посериозен.
“Дали слушнавте за педофилот во Србија кој силуваше и уби три годишно дете? Дали знаете колку вакви полови напади врз деца се случија во последниве неколку години кај нас, кај нашиве соседи, во светот? Имам впечаток дека и покрај обидите да се подигне медиумска прашина околу овој проблем тоа некако не успева. Еве, не им успева ниту на србиве и покрај тоа што конечно се изборија да го донесаат “законот на Марија”. Колку ние сите заедно колективно можеме да се избориме со овој проблем? Колку децата се заштитени? Кој ги заштитува? Колку родителите се свесни на пример за опасноста што ги демне децата преку лесниот и брзиот пристап на интернет?”, пишува психологот Бојана Стојменовиќ, којашто работи и како семеен и системски советник.
Таа го пренесува и истражувањето на една блогерка од Србија, којашто направила еден свој експеримент, претставувајќи се како 14-годишно девојче на повеќе чет веб-страници. А резултатот донел големо изненадување – и дефинитивно ќе се изненадите и вие.
Напомена: Текстот содржи експлицитни описи коишто би можеле да ја вознемират чувствителната публика.
“Имаш 14 години ама изгледаш како девојка, а не девојче.”
“Имам 48 години, дали тоа ти пречи?”
И ова е само еден дел од конверзациите со педофилите на друштвените мрежи коишто оваа 24-годишна девојка ги објавила на својот блог, во рамките на експериментот, за којашто таа вели дека бил крајно исцрпувачки.
– Очекував дека ќе ме исконтактираат луѓе во период на потенцираното годиште, но не очекував толкав бум. За помалку од две минути ми се јавија најмалку 20 педофили. Толку многу ми се јавија што не стигнав ниту на половината да им одговорам, напишала таа после завршетокот на овој исцрпувачки експеримент.
Најчесто ѝ пишувале дека имаат 45, 48, 52, па дури и 60 години со прашање дали ѝ пречи тоа. А после тоа секоја конверзација се насочува кон сексуални теми, додека дел од педофилите биле исклучително експлицитни и директни.