Избор на уредникотМакедонија
Петковски за повикот на Ахмети од Хаг: И Шешељ прво го викнаа како сведок па го осудија!
„Влада ќе има, каква ќе биде не знам. Отворањето на проблемот – нови избори или чекањето до година… дефинитивно се укочуваат сите реформи, се губи чекорот со ЕУ“ изјави Петковски на Канал 5.
Според него, предлогот на ДУИ за Албанец-премиер е невешт предизборен обид да се добијат повеќе пратеници.
-Луѓето велат за време на избори и на риболов се лаже најмногу. Така тие сега признаваат дека би направиле концесија, но сега има дру елемент. Ахмети е повикан на Хаг како сведок. Но така беше и со Шешељ – го повикаа како сведок па го осудија. Немам никакви информации, но кога Хаг повикува сведоци повикува луѓе кои учествувале во разни дела против човештвото – посочи Петковски.