Оваа девојка спасила 30 луѓе од ладнокрвниот убиец, Торонто ја слави како хероина
Искрено, мислев дека некој нешто слави. Но, кога на 150 метри од нашиот ресторан видов одблесок од оружје, пукање кое доаѓа се поблиску и маж кој пука, луѓе кои паѓаат, сфатив дека нешто сериозно не е во ред”, вели оваа храбра девојка, која во Торонто е прогласена за хероина, а за нејзиниот потфат пишувале и тамошните медиуми.
Како што објаснила, собрала сили и вриснала од петни жили сите да влезат во ресторанот. Почнала да ги турка гостите, луѓето кои се нашле на улица, 16-годишна девојка која имала слушалки на ушите и не знаела за што станува збор…
Во ресторанот имало 10-тина деца
“Во тој момент во ресторанот имаше околу 30 луѓе, од кои десетина деца на возраст од 9 до 12 години. Некои ги турнаа масите и се сокрија зад нив, вознемирени мајки и деца се криеја во подрумот. Ја заклучивме вратата, го исклучивме светлото и наредени едни покрај други чекавме. Додека околу нас одекнуваа рафали, ние не дишевме. Бидејќи, мислеше дека не работиме, само мина покрај нас. Мислам дека повторно продишавме кога се се заврши”, вели Петра.
Иако делувало, како што вели, дека оваа драматична ситуација траела цела вечност, убиецот го извршил злосторството во само неколку минути. Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и го совладала.
Сфативме што се случило дури кога излеговме од ресторанот
“Бевме среќни кога се се заврши. Плачевме, се смеевме, се прегрнувавме, луѓето ми се заблагодаруваа…Но, кога излеговме, на само 20-тина метри од нас лежеше невино тело на девојче кое само одело по сладолед. Тој пукал во сите што му се нашле на патот”, вели Петра.
Луѓето се уште се во шок. Се чувствува немирот во воздухот. Луѓето се молчеливи, внимателно, кога нешто ќе тропне, сите чекаме, вели оваа Белграѓанка.
Петра истакнува дека постојат бројни шпекулации дека напаѓачот, кој подоцна бил идентификуван како Фаисал Хусеин, од порано и бил познат на полицијата.
“Неговото семејство се огласи по нападот и кажа дека пател од душевна болест. И неговите пријатели се изненадени. Не можат да веруваат дека се случи ова, дека можел да направи нешто вакво. Се прашуваат од каде му е пиштолот”, истакнува таа.
Деноноќно патролирање низ градот
Државата одлучила по овој настан да вработи уште службени лица кои деноноќно ќе патролираат низ градот.
Петра апелира до властите ширум светот, но и до граѓаните, дека е важно да се остане смирен во драматични ситуации.
“Мора да носиме брзи и правилни одлуки. Ова може да се случи било каде. Ние не паничевме и спасивме 30 луѓе. Замислете сите да се побрзи и потрезни во такви ситуации”, заклучила таа.