Uncategorized

Она за кое што македонските судии, обвинители и политичари се правеа слепи им го открива амбасадорката, Мерко ќе си добие колеги на црната листа

Американската амбасадорка Анџела Агелер најави и нови имиња на листата покрај градоначалникот Рамиз Мерко. Таа не откри за кои лица се работи, само кажа дека се во процес на разгледување.

– Кога постои цврст доказ за корупција значи да се преземе мерка од страна на државниот секретар на САД за санкционирање на такво лице, со тоа што на ова лице и на неговото семејство им е оневозможен влез во САД. Овој процес трае подолго, процес кој внимателно се спроведува, се врши ревизија на сите докази, на се што е утврдено, има и листа со имиња која е во процес на ревизија и разгледување, така да откако ќе се утврдат сите факти тогаш се донесува одлуката. Ова е процес кој се спроведува со големо внимание и САД имаат навистина сериозен пристап на ваквиот процес, бидејќи секогаш кога ќе се утврдат докази за корупција сметаме дека Северна Македонија и народот на Северна Македонија имаат право да имаат избрани претставници во кои ќе можат да веруваат. Тука завршува ангажманот на САД, ние не би можеле да кажеме што понатаму. Не можеме да кажеме какви мерки Владата и судството ќе преземат. Ова е сериозен проблем, приоритет на САД рече Агелер.

Вчера, беше објавено дека Мерко и неговото семејство се на така наречената црна листа на САД. Останува нејасно како некој кој е далеку илјадници километри гледа криминал, а истиот толку години уназад не можеле да го видат македонските судии и обвинители. И како тоа овој градоначалник беше поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.

Поврзани вести

Back to top button