Окото на небото кое што гледа сè: Еве со што се занимава најмистериозната американска разузнавачка служба
Дури и некои претседатели на Соединетите Американски Држави на почетокот од своите мандати е знаеле дека постои ваква разузнавачка служба.
На некои триесетина километри од Вашингтон, се наоѓа големиот воен штаб на шпионската агенција за која што мал број на луѓе знаат дека постои. Дури ниту поранешниот американски претседател Барак Обама, во првите месеци откако се всели во Белата куќа, не знаел дека постои мистериозната „НГА“.
Во мај 2009-та година, додека Обама ручал во сендвичара во Вашингтон, прашал еден од луѓето кои што јаделе во сендвичарата со што се занимава: „Работам во НГА (Националната геопросторна разузнавачка агенција)“, му одговорил човекот, а Обама збунето прашал: „Објасни ми, што е тоа Национална геопросторна…“, рекол Обама кој што не можел да го запамети веднаш името на агенцијата.
И осум години подоцна „НГА“ е најтаинствената од сите „големи пет“ американски разузнавачки агенции, меѓу кои на првото место се ЦИА и Националната безбедносна агенција „НСА“.
Диспропорционалново однос на присутноста во јавниот дискурс, агенцијата „НГА“ ја поседува третата најголема зграда во Вашингтон, односно поголема од седиштето на ЦИА и Капитолот, а во агенцијата се вработени најмалку 3 илјади луѓе.
За „НГА“, фотографиите и видеата се тоа што за „НСА“ се звуците. Примарна функција на оваа агенција е да анализира милијарди фотографи и стотици илјади минути видео снимки кои што ги испраќаат илјадниците американски дронови и шпионски сателити ширум планетата, како и аматерските камери на стратешки важните локации.
Поради тоа што „очите“ на „НГА“ се во главно насочени надвор од САД, оваа агенција никогаш не била вмешана во внатрешните шпионски скандали како ЦИА или НСА, а тоа секако ѝ овозможи да остане „под радарите“. Сепак, експертите сметаат дека тоа може да се промени сега, откако на чело на државата е Доналд Трамп.
Имајќи го во предвид тоа колку напори вложи Трамп во проширување на овластувањата на разузнавачките агенции, како и неговата опседнатост со националната безбедност, голема е веројатноста дека американскиот претседател ќе се служи со секоја расположива „алатка“ за да ги спроведе своите идеи на дело.
Според актуелната политика на Пентагон, се што е потребно за употреба на шпиоските, односно извидничките дронови во американскиот воздушен простор, е одобрение од Министерот за одбрана.
Така, во 2016-та година за прв пат над Балтимор бил употребен извиднички дрон развиен во Ирак. Мал број на луѓе знаеле дека од небото ги следи многу напредна шпионска технологија која што е опремена со камера со резолуција од 1,8 милијарди пиксели, поставена на летало кое што е доволно мало и доволно високо, така што е невозможно да се види со голо око.
Со оглед на тоа што само еден ваков дрон има можност да надгледува област од 15 до 20 квадратни километри во секој момент, две вакви летала се потребни за да ги надлгедуваат сите надворешни активности на Менхетн 24 часа.
Со развојот на новите технологии, кои што им овозможуваат на помалите дронови да останат во воздух дури и со месеци, а наскоро се предвидува дека ќе можат да летаат и до една година, веројатно е само прашање на ден кога ваквиот систем на надгледување ќе влезе во масовна употреба.
Но, за тоа да се случи, Трамп, исто како и Обама, најпрвин мора да дознае повеќе за најтаинствената американска разузнавачка агенција и технологиите со кои што располага.