Свет

ВИДЕО: Ликвидацијата на терористот на парискиот аеродром

На YouTube се појави првото видео снимено од безбедосните камери на парискиот аеродром „Орли“ на кое што може да се види последниот инцидент кој што ја вознемири Франција.

Напаѓачот Зијед Бен Белгасем бил снимен од многуте безбедносни камери на парискиот аеродром за време на терористичкиот напад, кој што за среќа не му успеа и никој не беше повреден.

На снимката јасно може да се види како исламистот ѝ се прикрадува на девојката – војник од зад грб и се обидува да ѝ ја одземе автоматската пушка. На снимката од саботниот напад се гледа моментот кога Зијед ја зграпчува жената, откако претходно го спушти канистерот со бензин.

„Спуштете го оружјето, тука сум да умрам за Алах. Во секој случај, луѓето ќе умрат“, извикувал исламистот.

Напаѓачот бил ликвидиран од француските безбедносни служби само три минути подоцна пред да успее да го употреби оружјето.

Поврзани вести

Back to top button