Избор на уредникотМакедонија

Околу 16 илјади државјани на Македонија живеат во Венето и Ломбардија, каде коронавирусот изолираше 11 населени места

– Околу 64 илјади државјани на  Македонија живеат во Италија, од кои околу 12 илјади во Венето и околу четири илјади во Ломбардија, двата северни региона во јужната европска земја, во кои има изолација на 11 населени места поради епидемија на коронавирусот.

Ова се статистички податоци од италијанскиот сајт https://www.tuttitalia.it/. Податоците се од 2019 година, а засега нема официјални информации од нашите надлежни органи за состојбата со македонските државјани во овие два италијански региона, каде се воведени вонредни мерки, откако во Италија досега се регистрирани над сто случаи на заразени од корона вирусот, од кои 89 во Ломбардија. Две лица починаа како последица на коронавирусот во оваа јужна европска земја.

– Во Ломбардија се заразени 89 лица, меѓу кои и една млада личност во Валтелина, долина во која се наоѓа популарното скијачко одморалиште, изјави денеска Атило Фонтана, кој го предводи регионот Ломбардија и побара построги граничниу контроли.

Според податоците на сајтот https://www.tuttitalia.it во Венето има 11.736 македонски државјани, а во Венеција, која се наоѓа во овој регион 2.820 државјани на Македонија.

Во Ломбардија, пак, според истите податоци лани живееле 3.648 македонски државјани, а во модниот центар Милано 335.

Во двата познати италијански града поради коронавирусот денеска беа откажани манифестации кои традиционални се одржуваат во нив.

Поврзани вести

Back to top button