Uncategorized

Огромна дупка на патот „проголтала“ автобус, 6 мртви (ФОТО+ВИДЕО)

Инцидентот се случил вчера вечер пред болницата во градот Сининг, главниот град на провинцијата Кингхаи, јави Би-би-си.

Од снимките на надзорните камери се гледа како минувачите кои чекале на автобуската постојка бегаат бидејќи пред нив одеднаш се отворила огромна дупка на патот. Некои од оние кои останале да им помогнат на патниците во автобусот, исто така, пропаднале во дупката.

Според државните медиуми, дијаметарот на создадената дупка е околу 10 метри. Засега е непознато колку лица имало во автобусот кога се случила оваа трагична несреќа.

Во последните години во Кина имало неколку вакви фатални инциденти. Дупките на патиштата во таа земја се должат на честите и несоодветни градежни работи.

Во 2018 година, четири лица загинале откако се создала дупка на прометна улица во градот Дажу, во југозападна Кина. Во 2013 година, во сличен инцидент во Шенжен загинале пет лица.

Поврзани вести

Back to top button