Македонија

Ограбено момче во центарот на Скопје, разбојниците го соблекле и побегнале

Вчера во 16.00 часот во ПС Центар, Ѓ.К. (46) од Скопје пријавил дека претходната вечер околу 21.00 часот во Скопје, во паркот „Жена Борец“ две непознати лица извршиле разбојништво над неговиот шеснаесетгодишен син.

Додека неговиот син со другар се движеле во паркот, лицата со боксирач и нож почнале да му се закануваат дека физички ќе го нападнат доколку не ја соблече јакната.

Малолетникот ја соблекол јакната во која му бил и мобилниот телефон со слушалки.

Откако ја зеле јакната сторителите побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести

Back to top button