Ни трага ни глас од принцезата Латифа од Дубаи: “Доколку го гледате ова видео тоа значи дека сум или мртва”
Поминаа 4 и пол месеци откако ќерката на шеикот Мухамед Бин Рашид Ал Мактума, принцезата Латифа се обиде да побегне од Обединетите арапски емирати и од животот кој го контролираше нејзиниот татко. Ниту денес не се знае дали е жива или мртва.
Принцезата Латифа е родена во богато и привилегирано семејство и е една од 30 деца на шеикот Мухамед. Пред 4 и пол месеци “принцезата бунтовничка” се обиде да побегне од Дубаи за да живее слободен живот, но нејзиниот план не беше успешен па била киднапирана. Луѓето и понатаму не знаат дали е жива или мртва.
Латифа (32) со месеци го планирала драматичното бегство со луксузна јахта чиј сопственик бил поранешен француски шпиун. Активистите и нејзините сојузници тврдат дека наоружани командоси ја пресретнале јахтата кога пристигнале до меѓународните води, го истепале екипажот и принцезата била вратена во Дубаи. Од тогаш не се знае ништо за неа.
На видео снимката која ја објавила активистите за човекови права после наводното киднапирање, принцезата Латифа говори дека за прв пат се обидела да побегне во 2002 година, но била затворена и измачувана повеќе од три години, пренесува Дејли Меил.
“Тоа беше константно измачување. Дури и кога не ме тепаа, тие ме измачуваа. Ме оставаа во темница без прозори и светла. Наскоро повторно ќе си одам и не сум сигурна за исходот, но 99 % сум сигурна дека ќе успеам”, рекла таа.
Таа додала дека доколку луѓето го гледаат ова видео, “тоа не е добро”.
“Тоа значи дека или сум мртва или сум во многу лоша ситуација”, истакна таа.
Тина Јаухианиен, најдобрата пријателка на Латифа била на бродот кога наводно се случило киднапирањето. Таа ѝ помогнала да го организира опасното бегство и сега е единствениот сведок досега.
Таа исто така истакнала дека животот на Латифа бил депресивен.
“Доколку е затворена, треба да ги има правата како сите затвореници, а тоа значи дека треба да биде изведена пред независен судија”, истакнаа тие.
Додека ОАЕ не говорат ништо за нејзината локација, постојат некои извештаи дека Латифа безбедно била вратена кај семејството.