Избор на уредникотМакедонија

Небиу: Агенцијата не го прекрши законот со предлогот за отстапување возило за џамијата во Арачиново, ќе го помогнеме и Бигорскиот манастир

Агенцијата нема направено никаков законски прекршок со покренувањето на иницијативата- предлог за отстапување на возило, туку напротив постапуваме согласно законските надлежности, велат од Агенцијата за управување со одземен имот откако со одлука доделија комбе на џамија во Арачиново.

Директорот на Агенцијата Дритон Небиу преку соопштение вели дека има одговарано на секое барање доставено до институцијата, меѓу кои било и барањето од страна на џамијата во Арачиново, но позитивно било одоговорено и на барањето на Бигорскиот манастир.

– Ние како Агенција се залагеме да излеземе во пресрет на сите побарувања од страна на институциите кои доаѓаат до нас како институција. Агенцијата за управување со одземен имот има законско право да отстапи конфискувани добра на државни институции, и со таа цел агенцијата излегува во пресрет да помогне согласно законските регулативи на сите граѓани и државни институции на Република Северна Македонија, согласно побарувањето направано од страна на  „Односи со верски заедници” на Бигорски манастир Свети Јован Крстител, имаме одлука правосилна која веќе помина на управен одбор и се очекува одлука од страна на владата да и се доделат добра, објави Небиу на Фејсбук.

Според документот од Агенцијата, манастирот ќе добие лустери, теписи, чајник, кандило и темјан.

Поврзани вести

Back to top button