Избор на уредникотТоп

Научниците за Антарктикот: Можно е повторување на сценариото за последната ледена доба

Кон крајот на последната ледена доба, ледените плочи на Антарктикот се повлекувале со брзина од 50 метри на ден, што е околу 10 пати побрзо од денес, откриле британските научници.

Студијата, предводена од Институтот за истражување Скот Полар на Универзитетот во Кембриџ, ги проучуваше примероците од морските гребени околу Антарктикот за да пресмета колку брзо мразот се повлекувал пред околу 12.000 години, за време на последната ледена доба на Земјата.

Институтот Скот Полар е центар за истражување во поларните региони и глациологијата низ светот, пишува порталот Сајнс дејли.

Се покажало дека на некои места се стопи со брзина од повеќе од десет километри годишно, односно дека топењето се одвивало десет пати побрзо од максималната забележана брзина во последните неколку децении.

И иако стапката на повлекување на глечерите денес е многу помала, научниците сметаат дека ако климатските промени продолжат со истото темпо, може да се приближи до таа стапка.

Со помош на подводни роботски возила, научниците испитувале гребени на морското дно, создадени со притисок на мраз што се движи и лебди во водата веднаш над дното.

Со студијата го истражиле појавувањето на морското дно во близина на мразот Ларсен, што се наоѓал источно од Антарктикот.

Зафаќало површина од неверојатни 53,1 милиони квадратни километри, а потоа значително се намалило во втората половина на 20 век поради зголемувањето на температурите на воздухот.

– Ова е прва студија која дефинитивно покажа дека стапката на повлекување на мразот може да биде толку брза, истакна главниот автор на студијата Џулијан Даудсвел, директор на Институтот Скот Полар.

Топлите океански плими се клучен дел од овој процес

Научниците веруваат дека плимата и осеката на океаните се клучен дел од процесот. Кога ќе надојде плимата, го поплавува глечерот и нежно го крева мразот од океанскиот под. Кога плимата се повлекува, мразот се враќа на своето место.

Стабилниот глечер ќе се издигне и паѓа на истото место. Но, глечерот што постојано губи мраз, најпрво, малку се повлекува, секој пат кога ќе има голема плима. Резултатот е шема на линии што се формираат на морското дно, што укажува на тоа како мразот се движел со текот на времето.

Под претпоставка дека процесот навистина се одвивал на таков начин, моделот укажува на тоа дека мразот во оваа област се повлекува од 40 до 50 метри секој ден. Во текот на целата година, тоа изнесува повеќе од 10 километри.

Даудсвел верува дека денешните околности би можеле да бидат слични на она што се случило на крајот на последната ледена доба.

Денеска, научниците веруваат дека топлите океански струи придонесуваат за топење на глечерите на Антарктикот. Топла вода продира под глечерите по должината на нивните рабови, а тоа резултира во нивна дестабилизација и опаѓање.

Можност за повторување на истото сценарио?

Околностите за истенчување на глечерите веројатно беа слични пред 11.000 или 12.000 години“, истакна Даудсвел, сугерирајќи можност за повторување на ова или слично сценарио. Многумина се плашат од таква можност, особено ако се земе предвид дека многу крајбрежни градови се изложени на ризик во овој случај.

Една неодамнешна студија спроведена од експерти на НАСА, исто така, покажа вистинска загуба на мразот на Антарктикот и Гренланд.

Станува збор за 118 или 200 гигатони мраз годишно, што помеѓу 2003 и 2019 година резултираше со зголемување на нивото на морето за околу 1,3 сантиметар. Проблемот е во тоа што понатамошното топење на глечерите може да го зголеми нивото на морето за метар и половина во блиска иднина.  

Поврзани вести

Back to top button