Избор на уредникотСвет

Најсмртоносното оружје на Русија снимено на „нуклеарен воз“ кој оди кон Украина (ВИДЕО)

Снимките од руски воз кој што носи нуклеарна опрема кон украинското бојно поле дополнително ги поттикна стравувањата дека Владимир Путин може да тестира нуклеарно оружје.

Видеото е објавено на промосковскиот телеграм канал „Рибар“ и е снимено во централна Русија. На него се гледа како возот, кој е поврзан со 12-та главна управа на Министерството за одбрана, превезува транспортери и други оклопни возила.

Воениот аналитичар Конрад Музика вели дека 12-та главна дирекција е одговорна за руското нуклеарно оружје, неговото складирање, одржување и издавање на единиците.

Музика смета дека оклопните возила ќе се користат исклучиво за заштита на нуклеарните единици и дека објавувањето на видеото веројатно е некакво предупредување за Западот. Имено, вознемирувачкото видео се појави кога беше објавено дека Русија ќе го тестира своето таканаречено „оружје на апокалипсата“, односно нуклеарното торпедо Посејдон.

Торпедото е на подморницата К-329 Белгород, која плови кон Арктикот каде, според весникот Ла Република, руската војска има намера да го тестира.

Музика рече дека транспортот на воена опрема што им припаѓа на единиците со нуклеарно оружје не мора да значи дека Русија се подготвува да распореди нуклеарно оружје во Украина.

„Можеби ова е сигнал до Западот дека ситуацијата во Украина ескалирала. Сепак, можеби станува збор за транспорт на опрема на руските стратешки ракетни сили (РВСН), кои наесен одржуваат воени вежби и обука. Исто така, станува збор за испраќање опрема за вежба за нуклеарно одвраќање „Гром“, рече Музика, како што пренесува Дејли мејл.

РВСН е гранка на руските вооружени сили што ја формира основата на националната програма за нуклеарна одбрана. Се состои од десетици полкови кои контролираат илјадници нуклеарни оружја и интерконтинентални балистички ракети (ICBM).

Во воените вежби „Гром“ единиците на руските копнени, воздушни и поморски нуклеарни сили се здружуваат за да го тестираат одговорот во случај на нуклеарен конфликт. Последен пат се одржале во октомври 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button