Живот

Мудра приказна- Животот ги голта оние кои се плашат

Мудрите приказни не секогаш мора да се долги и комплицирани, честопати едноставните и кратките имаат моќна поента која ќе ве натера да се замислите што правите во животот.

Оваа е токму таква и зборува за храброста:

Две семки лежеле една покрај друга во плодна почва среде пролет.

Првата рекла:

„Сакам да растам! Сакам да пуштам корени длабоко во земјата под мене. Сакам да развијам пупки и да го објавам доаѓањето на пролетта. Сакам на своето лице да ја почувствувам сончевата топлина и светлина. Сакам да го почувствувам благословот на капките утрински дожд.“

И така растело.

Втората семка рекла:

„Се плашам. Ако ги пуштам моите корени длабоко во земјата, не знам што може да има во темницата. Што ако отворам пупки, а некој полжав се обиде да ми ги изеде? Што ако почнам да цветам, а некое дете ме откорне од земја? Не, многу е подобро да почекам додека не биде безбедно.“

И така чекало.

Една кокошка која чепкала по земјата, барајќи храна, го пронашло семето кое чекало и веднаш го изела.

Животот не чека и ги голта оние кои се плашат.

Поврзани вести

Back to top button