Фото: Каква трансформација – Од “буре” до фитнес модел!

Објавено: петок, 8 април 2016 во 13:27
Spread the love

30-годишната Канаѓанка Дона Гили ја преполови својата тежина без операции и „магични пијалаци“ и сега гордо ја покажува новата фигура.

Во тинејџерските години Гили забележала дека нејзината телесна тежина нагло се зголемува, но страста кон слатките задоволства и брзата храна не ѝ дозволила да стави крај на нездравата исхрана и да го промени начинот на живот.

Таа продолжила да се насладува на чоколада и сладоледи, игнорирајќи го фактот што тие биле главните виновници за нејзиното екстремно дебелеење.

Кога се префрлила на ново работно место, Дона започнала со зачудувачката трансформација. Таа била загрижена дека новите колеги ќе зјапаат во неа и се чувствувала непријатно.

„Пресвртниот момент кога решив да направам промена и да применувам здрав начин на живот ми се случи на 22-годишна возраст. Се сеќавам како седев на моето биро на новото работно место и не се чувствував многу комфорно“ ­ вели Гили.

devojka1

Тогаш, Дона ја покажала својата решителност и станала физички активна, а нешто подоцна ја променила и својата исхрана.

Упорната девојка од Нова Шкотска досега има учествувано на два фитнес натпревари и сега се гордее со својата витка фигура.

„Влегов на натпреварите не затоа што сакав пластичен трофеј, туку лично за себе – за да си докажам дека можам да го обликувам моето тело после тешките напори кои ги вложив за да ослабам“ – рекла таа.